Alkaloid AD Skopje logo
Корпоративна општестествена одговорност›Заштита на животната околина

Заштита на животната околина

Hands holding a green globe of the Earth over grass
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

АЛКАЛОИД АД Скопје е корпоративно општествено одговорна компанија, која размислува глобално и која е посветена на општествените и на еколошките влијанија од нејзините активности врз луѓето и врз околината.

 

Преку нашето долгорочно размислување, фер и транспарентност, корпоративната одговорност, преку почитувањето на човековите права, заштитата на животната средина, циркуларната економија и преку долгорочната стратегија поставуваме и негуваме одржлива вредност при секој чекор на нашето работење.

 

Создавањето вредност за луѓето и за заедницата со цел живеење на подобар, полесен и на поздрав, исполнет живот е стратешка одржлива определба на АЛКАЛОИД АД Скопје.

 

Заштитата на животната средина е еден од најголемите приоритети во деловната стратегија на АЛКАЛОИД АД Скопје.

 

Компанијата континуирано ги следи и ги применува најновите достигнувања во оваа област, со што придонесува за поздрава и за почиста животна средина во која сите живееме.

 

Како општествено одговорна компанија, АЛКАЛОИД АД Скопје го интегрира системот за управување со животната средина во интегрираниот систем на управување (IMS), согласно стандардите ISO 14001:2015, ISO 9001:2015, ISO 45001:2018 и насоките на Добра производна пракса.

 

Една од нашите клучни вредности – Луѓето пред сѐ – ја градиме преку доверба, транспарентност и преку добра комуникација. Нашата вклученост во заедницата континуирано ја покажуваме преку секојдневното работење и преку многубројните проекти, затоа што силно веруваме дека наша одговорност е да ѝ враќаме на заедницата во која живееме и работиме!

 

АЛКАЛОИД АД Скопје постојано ги следи и контролира технолошките процеси со цел на обезбедување на заштита на животната средина преку намалување/спречување на влијанијата и зголемување на енергетската ефикасност.

 Континуирано ги идентификуваме, евалуираме и мониторираме аспектите во воздух, вода, бучава, создавање на отпад и потрошувачка на природни ресурси и енергенси. Процесите во АЛКАЛОИД АД Скопје согласно мерењата на аспектите врз животната средина се усогласени со законската регулатива, барањата на меѓународните стандарди и заинтересираните страни.

 

Ги следиме еколошките aспекти во воздух, т.е. емисиите на гасови, со цел да се минимизира ефектот на стаклена градина и емисиите на СО2. За таа цел, компанијата премина на користење на природен гас наместо мазут во производните процеси на производната локација во Автокоманда и Ѓорче Петров.

 

Со цел подобрување на квалитетот на отпадните води и одржување на нивото на пропишаните параметри, го променивме и континуирано го одржуваме системот за отпадна вода. Со редовно одржување на системите за опрашување и поставување на звучни бариери го следиме и минимизираме аспектот на бучава кон околината во која работиме.

 

Во прилог ги прикажуваме клучните елементи и подобрувањата на системот за управување со животната средина, набљудувањето на влијанијата и усогласеноста со законската регулатива и со другите барања и проекти за подобрување на перформансите на животната средина во текот на 2021 година.

 

 

Интегрирани еколошки дозволи

 

На 27.12.2021 г. е добиено решение за издавање А-интегрирана еколошка дозвола за АЛКАЛОИД АД Скопје, Профитен центар Фармација, локација Автокоманда, бул. „Александар Македонски“ бр. 12, 1000 Скопје.

 

На 30.12.2021 г. е добиено решение за издавање А-интегрирана еколошка дозвола за АЛКАЛОИД АД Скопје, Профитен центар Фармација, локација Ѓорче Петров, бул. „Партизански одреди“ бр. 98А, 1000 Скопје.

 

На 27 јануари е добиено решение за издавање А-интегрирана еколошка дозвола за АЛКАЛОИД АД Скопје, Профитен центар ХКБ – програма Хемија, локација Ѓорче Петров, бул. „Партизански одреди“ бр. 98А, 1000 Скопје.

ЕФИКАСНОСТ

Преглед на Листата на проекти-мерки за ефикасност

Year (Година)Project- Measure No.ЕЕ MeasureMonetary ( EUR/year)Energy (MWh/year)Water (m3/y)% of total Energy t CO2% of total WaterTotal Energy (MWh/year)Total Water (m3/y)
201820Total72,1662,2190 5.40%0.00%66641,103469,874
6Realized46,3781,35903.31% 0.00%408
201937Total536,60223,240194,90055.47%45.49%39,52041,895428,485
12Realized308,7083,720100,0008.88% 23.34%17,816
202034Total362.2591.13136.1522.54%10.70%6.37744.492337.801
10Realized7.913993.6500.22%1.08%639
202115Total289.589 4.18592.0438.56%25.65%16.62648.871321.246
11Realized134.1501.515108.5203.10%33.78% 18.577
202215Total400.0001.7005.000 4.25%1.49%1.34539.967336.419
14Realized354.9502.1005.0005.25%1.49%1.465
Total121Total1.660.61632.475328.094 81.26%97.53% 64.53439.967336.419

CO2 Reduction

15,826t 2021

6,067t 2020

17,816t 2019

408t 2018

Енергетски Биланс на успех

Во текот на 2018 година, воспоставувањето на ЕнМС резултираше со заштеда 1.359 MWh енергија и намалување на емисијата на CO2 за 408 тони. Во текот на 2019 година заштедивме дополнителни 3.720 MWh енергија, 100.000 m3 вода, а ја намаливме емисијата на CO2 за 17.816 тони. Во текот на 2020 година заштедивме 99 MWh енергија, 36.152 m3 вода и ги намаливме емисиите на CO2 за 6.067 тони. Во текот на 2021 година, ние заштедивме 1.515 MWh енергија, 92.043 m3 вода и го намаливме CO2 емисии за 15.826 тони.

 

Во текот на 2021 година започна со работа првата фотоволтаична централа инсталиранa на нашата производна локација во Автокоманда. Алкалоид инвестираше речиси 165.000 евра во овој проект и очекувањата се дека ќе се заштедува 408 MWh енергија на годишно ниво. Оваа фотоволтаична централа има инсталиран капацитет од повеќе од 340 kWe.

ПОЗИТИВНИ ТРЕНДОВИ ЗА 2021

Позитивните трендови за 2021 година во потрошувачката на вода, електрична енергија, маслото, мазутот и природниот гас се прикажани на следните графикони:

Young green plants growing in a field

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Европски самит за Зелени Инвестиции

Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, „Алкалоид“ АД Скопје реализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот во Ѓорче Петров.

Проекти за Eнергетска ефикасност

Проекти за енергетска ефикасност и проекти од областа на обновливите извори на енергија

Cover of the Alkaloid waste management policy

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Cover of the Alkaloid carbon footprint policy

ПОЛИТИКА ЗА ЈАГЛЕРОДЕН ОТПЕЧАТОК

Cover of the Alkaloid water footprint policy

ПОЛИТИКА ЗА ВОДЕН ОТПЕЧАТОК