23 апр. 2024 г.
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју во Емилија Филиповска
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју во Емилија Филиповска
„Mотивот за моето секојдневно работење во Глобална фармаковигиланца е грижата за здравјето и за безбедноста на пациентите. Фактот дека мојата работа придонесува за континуирано подобрување на безбедноста на лековите ја поттикнува мојата посветеност.
Да се биде соработник за Фармаковигиланца не е само професија, туку и обврска за унапредување на здравјето и на благосостојбата на луѓето. Верувам дека секоја пријавена и обработена несакана реакција и секој проценет ризик се чекор кон побезбедна и поздрава иднина за сите.
’Алкалоид’ ни овозможува континуирана едукација, постојано усовршување и добивање нови знаења, што е неопходно за да бидеме во чекор со новитетите во областа на фармаковигиланцата. Како тим посветен на континуирано стручно надградување, заедно се движиме решавајќи ги сите предизвици, со цел колективен успех и заеднички раст.
Со нашата професионална заложба и со вашата соработка заеднички ја градиме свесноста за пријавување на несаканите реакции на лековите и придонесуваме за зголемена безбедност на алкалоидовите лекови.
‘Your safety is our priority’ е мотото на нашиот тим Глобална фармаковигиланца“, Емилија Филиповска, Соработник во Глобална фармаковигиланца, глобални медицински работи и безбедност на лековите.
Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!
#АлкалоидСкопје #Алкариера