23 апр. 2024 г.

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју во Миа Арсоски


„Секој работен ден во секторот Продажни операции – фармација, кој е дел од кластерот Источна Европа, претставува посебна динамична приказна, но и ново искуство врзано за она што го имам како главен предизвик – менаџирање на извозните продажни операции преку комуникација, синхронизација и преку координација со многу оддели од компанијата. Тоа е континуиран процес на активности со голема заедничка цел – навремено пласирање на алкалоидовите фармацевтски производи за продажба на извозните пазари.


Како регионален оперативен лидер за пазарите Хрватска, Бугарија и Словенија ми претставува особено задоволство да го работам она што го сакам, излегувајќи од комфор-зоната и соочувајќи се со огромни одговорности, но и со предизвици кои ги носи турбулентното секојдневие, а, сепак, со една голема сатисфакција добиена од крајниот исход – да ги направиме нашите производи достапни за пациентите и надвор од границите на нашата држава.


Огромен поттик и мотивација ми претставува работењето со целокупниот мој тим од извонредни колеги, со кои работата се темели на постојана заемна поддршка, изнаоѓање решенија за сите предизвици со кои се соочуваме и на континуирано докажување дека со заеднички сили и неможното станува можно.


“The strength of the team is each individual member – the strength of each member is the team”, Миа Арсоски, регионален оперативен лидер за Бугарија, Хрватска и за Словенија


Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера