Invalid DateTime

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју во Ивана Михајловска


„Среќна сум што како магистер по фармација, стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, имам можност да работам во ’Алкалоид’ како дел од ОТЦ-тимот, кој учествува во повеќе процеси поврзани со креирањето и со одржувањето на ОТЦ-портфолиото. Во фокусот на работата на нашето одделение се лековите без рецепт, медицинските средства и додатоците на исхраната. Mоите секојдневни активности се во насока на стручна поддршка на маркетинг-тимовите за правилно позиционирање на производите, со цел градење брeндови кои ќе бидат препознатливи во регионот и пошироко.

 

Составен дел од моите работни активности се континуираните едукации, изучувањето на производите, изработката/одобрувањето на сите видови промотивни материјали, презентации и содржини за дигиталните платформи, како и спроведувањето обуки за локалните маркетинг-тимови. Работниот ден е активен, исполнет и вклучува интензивна комуникација интерно со повеќе сектори во нашата компанија, како и со претставништвата надвор од земјата. Тимскиот дух и одличната соработка со колегите се поттик за успешно справување со сите предизвици со кои се соочуваме.

 

Како посебен предизвик би ја издвоила комуникацијата со крајните корисници, при што е особено важно да ги претставиме карактеристиките на ОТЦ-производите и придобивките од нивната употреба преку промотивните материјали, креативните ТВ-реклами, постовите за социјалните медиуми или преку блог-содржините на веб-страниците. Ми претставува особено задоволство што сум активно вклучена во стручните евалуации за воведување нови производи во ОТЦ-портфолиото, во согласност со актуелните трендови на глобално ниво, како и во градењето интегрирана маркетиншка стратегија за нив. Сметам дека треба да сме горди што нашите производи од ОТЦ-портфолиото, кои се синоним за врвен квалитет, успешно се лансираат и се позиционираат во сѐ поголем број држави во светот“, Ивана Михајловска, менаџер за медицински работи ОТЦ.


Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера