23 апр. 2024 г.
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју во Светлана Трајкоска-Дабевска
Еден работен ден во Алкалоид
Интервју во Светлана Трајкоска-Дабевска
„Работата во Производство – Хемија е динамична, со многу предизвици, а нивното надминување ѝ дава значење на работата и можност за личен и за професионален развој.
Производство – Хемија вклучува неколку производствени одделенија: органско, неорганско, пакување хемикалии и производство на концентрати за хемодијализа. Работниот ден започнува со состаноци и со договор со одговорните лица на производствените погони. Во секој производствен погон се договараме и се координираме за распределба на работните задачи, за да се реализира планираното производство квалитетно, ефикасно, навремено и во согласност со воспоставениот систем за квалитет.
Комплексноста на производствените процеси налага тимска работа. Заеднички со тимот, со целосна ангажираност, отворена комуникација и со добра работна атмосфера, ги надминуваме предизвиците и целиме кон континуирано подобрување на процесите.
Особено задоволство ми предизвикува ефикасното завршување на поставените задачи и можноста за континуирано учење и за развој. Доколку сакате да имате динамична и успешна кариера, ве очекуваме во нашиот тим!“ Светлана Трајкоска-Дабевска, менаџер на Производство – Хемија
Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!
#АлкалоидСкопје #Алкариера