23 апр. 2024 г.

Еден работен ден во Алкалоид

Интервју со Марија Калевска Дробарова


„Работниот ден како организатор во Производство – Билка ми започнува со утринска шолја чај на Good Nature, и тоа сега со мојот нов омилен чај ’Енерго Ц’. Тимското работење е нешто што ми претставува особено задоволство, а воедно и ме уверува дека она што го работиме е правилниот избор. Секојдневно комуницирам со колегите од Производство, Планирање, но и со колегите од Сервис и одржување, Истражување и развој, Магацини и од Контрола на квалитет.


Добрата комуникација е особено значајна за сите процеси што се одвиваат во Производство да бидат извршени во согласност со претходно дефинираните параметри. Секако дека при комуникацијата некогаш се појавуваат предизвици и несогласувања, но тоа е нешто што го надминуваме со дополнителни анализи за решавање на настанатите ситуации. Огромна одговорност е да се произведе квалитетен и безбеден прехранбен производ, па затоа нашиот пристап спрема работењето е максимално професионален и базиран на многуте сертифицирани стандарди за производство на безбедна храна.



Би рекла дека принципите за добра производствена пракса што ги имаме воспоставено се и многу повисоки од она што го побарува прехранбената индустрија. Токму тоа е и нашата додадена вредност, па затоа нѐ препознаваат како производител и најпребирливите купувачи. Особено сум горда што нашите прозводи се препознаени по својот квалитет дури и на големите пазари, како на пример американскиот. Огромна чест е производот за чие производство одговарате да се продава на Amazon или да се наоѓа на полиците во синџирите американски маркети, каде што купуваат купувачи од многу различни земји во светот. Уште поголема е честа што произведуваме за компании како што се Estee Lauder, Yves Rocher и други“ – Mарија Калевска-Дробарова, организатор во Производство – Билка.


Доколку сакате да бидете дел од тимот кој ги поместува границите, испратете ја својата апликација на career.alkaloid.com.mk и започнете ја својата Алкариера!


#АлкалоидСкопје #Алкариера