1 јун. 2022 г.
„Алкалоид“ со донација на патничко возило на Државниот архив
Корпоративната општествена одговорност е еден од најголемите приоритети на компанијата „Алкалоид“, високо позициониранa во корпоративната деловна стратегија и заложба во секојдневното дејствување и работење.
Преку реализација на различни проекти, донации и активности од областа на општествената одговорност, приспособени на потребите на опкружувањето, „Алкалоид“ безрезервно и континуирано придонесува за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која живееме и работиме.
Компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност и грижа спрема општеството овојпат преку донација на патничко возило, марка škoda octavia, за потребите на Државниот архив на РС Македонија. Oваа донација ќе придонесе за подобрување на условите за работа и за олеснување при извршувањето на секојдневните активности и обврски на оваа институција. Зоран Костовски, директор на секторот Логистика во „Алкалоид“, му ја предаде донацијата на г. Емил Крстески, в.д. директор на Државниот архив.