BLACK UP


ДА СЕ ОСТАНЕ ПРИЈАТЕЛ СО СОНЦЕТО

Со првите зраци на сонцето и со топлото време, речиси не постои некој што не посакува да има убав, здрав и темен тен.

Но, со децении е присутна дилемата дали е сончањето здраво или не. Умереното изложување на сонце е значајно за правилен раст и развој на децата поради стимулативното дејство врз претворањето на провитаминот Д во витамин Д, за подобрување на симптомите на остеопороза и за подобрување на расположението.

Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето. УВА- и УВБ-зраците индиректно влијаат врз добивањето бронзен тен, но воедно се и главните виновници за оштетувањето на кожата и за појавата на еритеми (црвенила), изгореници, на темни дамки, предвремено стареење на кожата и на канцерогени промени на кожата.

Заштитете се од сонцето и во сенка и дури и кога е облачно

Дури и кога сте под сенка, треба да нанесете заштитен фактор. Штетните УВ-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Истото важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90 % од УВ-зрачењето минува низ него. Затоа, не заборавајте да нанесете заштитен фактор.

Препаратите од колекцијата BLACK UP содржат комбинација на УВА и УВБ- филтри, кои овозможуваат заштита од штетното влијание на УВ-зраците. Воедно, содржат и додатни компоненти, кои помагаат за добивање на посакуваниот бронзен тен и ја негуваат кожата.