Alkaloid AD Skopje logo

45 години Becutan


45 години Becutan (1)

 

45 години создаваме нежност и сме дел од детството на илјадници генерации кои израснаа со Becutan!

Високо позициониран во корпоративната визија, еден од главните приоритети на АЛКАЛОИД е грижата за децата и за здравјето пред сѐ. Водејќи грижа за вас, нашите верни корисници, во изминатите 45 години компанијата и брендот Becutan ја стекнаа вашата доверба и лојалност обезбедувајќи производи со супериорен квалитет. Преку овој јубилеј ја славиме нашата посветеност, но и довербата која децении наназад цели генерации родители ни ја доверија токму нам. 

45 години Becutan (2)

 

45-тиот роденден го одбележавме на прес-конференција заедно со претставниците на медиумите од Македонија и од регионот и на стручната јавност, на која и премиерно го претставивме новиот видеоспот за Becutan. 

45 години Becutan (3)

 

Во исто време, нашите мали алкалоидовци, заедно со децата од СОС детското село, го прославија роденденот на Becutan со дружење и со игра преку повеќе активности организирани за нив во нашата спортска сала „Автокоманда“.

 

Во периодот кој следува одреден процент од продажбите на течната линија од колекцијата Becutan ќе ѝ се донира токму на организацијата СОС детско село.

45 години Becutan (4)
    45 години Becutan - Alkaloid