23 дек. 2022 г.

АЛКАЛОИД АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2022 година



На церемонијата за доделување на Годишните награди на Македонската берза за 2022 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2022 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2022 година, и тоа во две категории: по избор на пазарните учесници и по избор на новинарите.




Наградата освоена по јубилеен 10-ти пат го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и со јавноста воопшто.



Покрај ова, АЛКАЛОИД е добитник на уште две награди, и тоа за Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година, во конкуренција на акционерски друштва со над 50 милиони пазарна капитализација и за Акција на годината за 2022 година, во согласност со гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничката анкета на Берзата и на порталот „Фактор“.



АЛКАЛОИД АД Скопје континуирано остварува позитивни резултати во работењето и се стреми кон градење одржлив модел на раст и развој на друштвото, нудејќи притоа јасна предвидливост на очекувањата кон пошироката заедница и кон сите заинтересирани страни. Ќе продолжиме со јакнење на овие сегменти од нашето работење и во годините што доаѓаат.