22 јул. 2019 г.
Дополнително вложување во Словенија
Дополнително вложување во Словенија
Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина.
Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се вложени 150 илјади евра наменети за опремување на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.
Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари.