Alkaloid AD Skopje logo

„Алкалоид“ дел од иницијативата „Plant a tree for the Jubilee“, во организација на британската Амбасада во Скопје


Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов, на покана на британскиот амбасадор Метју Лосон, а во присуство на претставници на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на бизнис-заедницата, беше дел од настанот „Plant a tree for the Jubilee“, во организација на британската Амбасада во Скопје. 

„Алкалоид“ дел од иницијативата „Plant a tree for the Jubilee“, во организација на британската Амбасада во Скопје (1)

 

Нашата компанија со особено внимание и задоволство безрезервно се вклучи во проектот Иницијатива за садење дрвја. Преку донираните финансиски средства за активностите за пошумување се обезбеди подготовка на терен со механизирана обработка на 1 хектар почва, како и набавка на 2.500 садници од видот јавор и багрем. 

„Алкалоид“ дел од иницијативата „Plant a tree for the Jubilee“, во организација на британската Амбасада во Скопје (2)

 

Со овој мал, но многу значаен гест уште еднаш испраќаме порака дека грижата за подобрување на заедничкиот живот во околината во која живееме и работиме треба да биде еден од најголемите приоритети на сите компании, на секоја заедница и на секој поединец.

 

„Алкалоид“ дел од иницијативата „Plant a tree for the Jubilee“, во организација на британската Амбасада во Скопје (3)
    „Алкалоид“ дел од иницијативата „Plant a tree for the Jubilee“, во организација на британската Амбасада во Скопје - Alkaloid