28 фев. 2013 г.
„Алкалоид“ со донација за децата кои користеа бесплатен одмор
„Алкалоид“ со донација за децата кои користеа бесплатен одмор
Водејќи се од начелото дека секое дете заслужува еднаква грижа од страна на општеството, „Алкалоид АД – Скопје“ на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија зеде учество во проектот „Користење бесплатна услуга за одмор и за рекреација на деца од семејства со социјален ризик и на деца корисници на посебен додаток“.
Во рамките на проектот, преку кој 3 000 деца од Македонија беа на бесплатен летен или зимски одмор, „Алкалоид“ донираше заштитни средства за сончање.
Министерот за труд и социјална политика, г. Спиро Ристовски, упати благодарност до генералниот директор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, за хуманоста и за безрезервната поддршка на децата кои имаат најголема потреба од тоа.
„Ја изразувам мојата лична благодарност до целиот тим којшто работеше на реализацијата на овој проект. Благодарност и до компанијата Алкалоид АД – Скопје, којашто им обезбеди донација од заштитни средства на дечињата кои ја користеа услугата за време на летниот период“, истакна министерот Ристовски.
Покрај „Алкалоид“, во проектот учествуваа и „Црвениот крст“ на град Скопје, „Агенцијата за управување со одземен имот“ и компанијата „ЕВН Македонија“.