3 ноем. 2014 г.
Алкалоид со раст на извозот од 11% и нови 54 вработувања во Република Македонија во првите 9 месеци од 2014 година
Алкалоид со раст на извозот од 11% и нови 54 вработувања во Република Македонија во првите 9 месеци од 2014 година
‘‘Алкалоид АД‘‘ Скопје во периодот јануари - септември 2014 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 4.344 милиони денари бележат зголемување за 2% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 801 милиони денари што претставува зголемување од околу 10%. Нето добивката изнесува 457 милиони денари што претставува зголемување од 4%.
Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 5.550 милиони денари бележат зголемување од 8% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година, при што е реализиран раст на консолидираните извозни продажби од 11%. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 833 милиони денари што претставува зголемување од околу 10%. Нето добивката изнесува 440 милиони денари што претставува зголемување од 4%.
Во периодот јануари - септември 2014 година во ‘‘Алкалоид‘‘ се реализирани 54 нови вработувања во Република Македонија.