Британската амбасадорка во официјална посета на „Алкалоид“

Целта на посетата на високите дипломатски претставници беше запознавање со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производното портфолио. Во рамки на средбата, беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата.






