Alkaloid AD Skopje logo

Донирај облека – сподели добрина!

Во духот на компаниските вредности, „Алкалоид“ организира нова хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст.

Донирај облека – сподели добрина! (1)

 

Преку оваа акција вработените во компанијата кои имаат облека која не им е потребна, а која е употреблива и во добра состојба, можат да ја донираат на наменските пунктови во рамките на сите локалитети на „Алкалоид“ АД Скопје, во периодот од 19 до 30 септември 2022 година. 

Донирај облека – сподели добрина! (2)

 

На самиот почеток на оваа хуманитарна акција алкалоидовци изразија силна волја и безрезервно се вклучија со свои придонеси во неа. 

Донирај облека – сподели добрина! (3)

 

Во контејнерите за донирање облека на Црвениот крст, лоцирани на територијата на Град Скопје и низ неколку општински организации, во текот на една година се собираат повеќе од 4 тони облека, кои најпрвин се селектират, а потоа се дистрибуираат до крајните корисници (институции, семејства и поединци). Овие донации годишно им помагаат на повеќе од 1000 лица со социјален ризик кои се обратиле за помош. 

Донирај облека – сподели добрина! (4)

 

„Донирај облека – сподели добрина“ е уште една во низата соработки меѓу „Алкалоид“ и Црвениот крст, кои со години наназад резултираат со голем хуманитарен ефект во интерес на оние на кои им е најпотребна помош, вреднувајќи ги хуманоста, човечката солидарност и општествената одговорност пред сѐ! 

 

Донирај облека – сподели добрина! (5)
    Донирај облека – сподели добрина - Alkaloid