4 окт. 2019 г.
Фондацијата „Трајче Мукаетов" го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов" го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2019 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-12/1 усвоена на ден 01.10.2019 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
• Молба
• Кратко CV
• Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2019/2020 година
• Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 07.10.2019 година до 22.10.2019 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.500,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2019 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-14/1 усвоена на ден 01.10.2019 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
• Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
• Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
• Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
• Молба
• Кратко CV
• Потврда за редовно запишан петти или седми семестер за учебната 2019/2020 година
• Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
Булевар: „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје
Документите се поднесуваат од 07.10.2019 година до 22.10.2019 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Ќе се стипендираат 20 студенти од третта година и четврта година Медицински факултет.