Mar 1, 2024
Годишно собрание на акционери
Годишно собрание на акционери
Годишно Собрание на акционери
Почитувани акционери,
АЛКАЛОИД АД Скопје објавува дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 01.04.2024 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 29.02.2024 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2023 година во износ од 540,00 денари бруто односно 486,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 490,00 денари бруто, односно 441,00 денари нето е поголема за 10,2% на нето основа.
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.
Повеќе детали на следниот линк
АЛКАЛОИД АД Скопје
Управен одбор
Овој веб-сајт користи веб-колачиња (cookies)
Нашата веб-страница користи веб-колачиња, кои се поставуваат на вашиот уред кога ја посетувате нашата веб-страница. Покрај строго неопходните колачиња, кои се потребни за веб-страницата да функционира и кои се веќе инсталирани, ние би сакале да користиме и колачиња (1) за да разбереме како се користи нашата веб-страница и како таа работи, вклучително и водењето статистика за меѓу веб-страниците; (2) за да ви овозможиме дополнителни функционалности и персонализација; (3) за да ви обезбедиме интеракции на социјалните медиуми и (4) за маркетинг-цели. Со кликнување на „Прифати ги сите“ вие се согласувате да се користат сите колачиња и да се врши соодветна обработка на податоците што може да ги содржат информациите за прелистувачот, како и откривање лични податоци на трети страни, како што е опишано понатаму во нашата Политика за приватност / Политика за колачиња За повеќе информации, конфигурација и за да ја повлечете својата согласност, кликнете на „Преференции за колачиња“.