Alkaloid AD Skopje logo

Летно практикантство

Intern in a laboratory coat and mask working with laboratory equipment
ЛЕТНО ПРАКТИКАНТСТВО

Во насока на исполнување на заложбите за корпоративна општествена одговорност, кои се на врвот на приоритетите во оперативната агенда на компанијата, „Алкалоид“ АД Скопје од 2018 година ја воведе Програмата за практикантство. Практикантството во „Алкалоид“ АД Скопје е заеднички проект меѓу компанијата, соодветните образовни институции и студентите/учениците, кои ја претставуваат идната работна сила на државата. Во рамките на овој проект на студентите и на учениците им се овозможува вклучување во секојдневните компаниски процеси и активности за да се зајакнат нивните професионални вештини и за заемно да се поттикне научноистражувачката работа.

 

Целта на Програмата за практикантство е да се поттикнат развојот на креативноста кај студентите и кај учениците, нивното лично и професионално профилирање, како и подготвеноста за соочување со идните предизвици. „Алкалоид“ АД Скопје има потпишано меморандум за соработка со:

  • Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје

  • Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип

  • СУГС „Владо Тасевски“

  • СМУГС „д-р Панче Караѓозов“

  • СУГС „Марија Кири Склодовска“. 


 

letno praktikanstvo graphs.png

ВРАБОТУВАЊА ВО АЛКАЛОИД

Досега 310 практиканти биле дел од Програмата за практикантство, од кои 121 се вработени во „Алкалоид“ АД Скопје.

prakt.PNG