Alkaloid AD Skopje logo

Прес-конференција на Македонија2025 за „Една визија за забрзан раст“

Прес-конференција на Македонија2025 за „Една визија за забрзан раст“ (1)

 

Денеска се одржа прес-конференција на Македонија2025 на која беше промовиран планот за просперитет „Една визија за забрзан раст“, поставен на 3 фундаментални области: дигитализација, конкурентност и олеснување на процесите за дијаспората, иселениците и туристите.

 

Генералниот директор на „Алкалоид“ АД Скопје и член на Одборот на директори на Македонија2025, г. Живко Мукаетов, потенцираше дека клучен фактор за исполнување на целта за годишен раст на БДП од над 5 % е зголемувањето на извозот на македонските компании. Апелираше дека е потребнa похрабра и издржана системска и систематска поддршка co намалување на непотребниот бирократски товар и олеснување на регулативите.

 

Прес-конференција на Македонија2025 за „Една визија за забрзан раст“ (2)

 

 „Македонија е мал пазар, со бројни успешни приказни кои вреди да се раскажат и надвор од границите на државава. Треба квалитетен производ кој може да се диференцира, кој има конкурентска предност и додадена вредност. Потребно е знаење и вештини, квалитетен и добро обучен кадар, инвестирање во истражување, развој и нови технологии, исполнување на стандардите за заштита на животната околина и системска поддршка - пред сè - во насока на мерлива и транспаретна програма за извозно ориентираните компании, која на крај на денот би го мерела ефектот од секој вложен денар во поддршка на извозните активности. “, истакна г. Мукаетов.

 

Прес-конференција на Македонија2025 за „Една визија за забрзан раст“ (3)

 

На настанот присуствуваа и г-ѓа Никица Мојсоска-Блажевски, Извршен директор на организацијата, и други членови на Одборот на директори: г. Виктор Мизо, г. Васко Кроневски, г. Ѓорѓе Војновиќ и г. Боријан Борозанов. Преку онлајн врска на настанот се обрати и еден од основачите на Македонија2025, г. Мајк Зафировски.

 

Прес-конференција на Македонија2025 за „Една визија за забрзан раст“ (4)