3 мај 2016 г.
Потврдени сертификатите за растворите за хемодијализа и Рентген филмовите
Потврдени сертификатите за растворите за хемодијализа и Рентген филмовите
Реномираното нотификационо тело DEKRA Certification B.V. од Холандија, по извршената инспекција, во профитниот центар ХКБ во Алкалоид АД Скопје, повторно го обнови сертификатот CE Certificate (CE MARKING OF CONFORMITY) за производство на медицинските помагала, концентрирани раствори за хемодијализа и производи од палетата на Рентген филмови.
Овој сертификат потврдува дека производите на Алкалоид се во согласност со барањата на Европските Директиви кои се гаранција за безбедност, квалитет и ефикасност на медицинските помагала.
Ова претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди кои Алкалоид АД Скопје ги применува во секојдневното работење.