6 дек. 2024 г.

Повик за студенти


Драги студенти,

Како дел од Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје, ве информираме за објавата на повикот во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Доколку сте подготвени за нов предизвик и во потрага по практично искуство во најсовремената тренинг-лабораторија на „Алкалоид“ АД Скопје, ве известуваме за отворањето на 12 (дванаесет) слободни места за студенти од Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје кои сакаат да се вклучат во едукативно-апликативниот проект на тема


  • Зелена хроматографија: дел 2 - нови пристапи и решенија


Избраните студенти ќе учествуваат во иницијативите кои ќе го интегрираат теоретското знаење добиено преку едукативни работилници во практично, со специфичен акцент врз зелената (еколошки прифатлива) аналитичка хемија (Green Analytical Chemistry, GAC).

Оваа исклучителна прилика ќе ви овозможи да ги проширите своите знаења во однос на актуелните трендови и предизвици во развојот на еколошки прифатливи хроматографски методи; ќе имате можност добиеното теоретско знаење да го примените во пракса на конкретни случаи за потребите на фармацевтската индустрија; ќе се здобиете со компетенции за примена на иновативни пристапи во развојот на хроматографски методи што ќе бидат во согласност со GAC-концептот и што ќе ги зголемат вашите вештини за работа во аналитичка лабораторија. 

Услови за апликација:

  • редовен студент на студиската програма Магистер по фармација од прв и од втор циклус на интегрирани студии;

  • ислушан предмет Аналитика на лекови и легислатива.

Сите заинтересирани студенти може да аплицираат со доставување на следните документи на intern@Alkaloid.com.mk:

  • CV,

  • транскрипт на потпис од ислушан предмет Аналитика на лекови и легислатива.

Првите 12 (дванаесет) студенти кои ќе го изразат својот интерес ќе бидат земени предвид за учество во предметниот проект.

Краен рок за аплицирање е 16.12.2024.

Конечните одбрани кандидати ќе бидат контактирани од Одделот за човечки ресурси на „Алкалоид“ АД Скопје и од Центарот за кариера при УКИМ.