АЦЕРОЛА Алкалоид® 40 mg за деца

Состав

Една таблета содржи 40 mg природен витамин Ц (во форма на прашок од ацерола).


Фармацевтска форма

Таблети за џвакање.


Дејство

Ацерола Алкалоид е диететски додаток во секојдневната исхрана. Витаминот Ц е есенцијален витамин којшто е растворлив во вода.

Витаминот Ц придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем во текот на интензивни физички вежби и по нив. Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, при што се овозможува нормално функционирање на крвните садови, кожата, коските, ’рскавицата, забите и на непцата. Тој придонесува за нормален метаболизам за создавање енергија, придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормално психолошко функционирање. Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо.


Употреба

Таблетите Ацерола Алкалоид се користат при состојби во коишто е зголемена потребата за витамин Ц.

Деца до 6 години: Препорачана дневна доза е 1 таблета (40 mg).


Пакување

Таблетите Ацерола Алкалоид се спакувани во блистери (OPA/ALU/PVC).

Секој блистер содржи 6 таблети за џвакање.

Картонската кутија содржи 30 таблети за џвакање (5 блистери) и упатство за употреба.


Регулаторен статус

Додаток во исхраната.


Мерки на претпазливост

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.

Да се чува надвор од дофат на мали деца!

Картонската кутија содржи 30 таблети за џвакање (5 блистери) и упатство за употреба

АЦЕРОЛА Алкалоид® 40 mg за деца