AUS 32 AL

Воден раствор на уреа за возила со дизел мотори, со SCR технологија AUS 32 AL е високо квалитетен воден раствор на уреа произведен во согласност со барањата за квалитет на ISO 22241.

Состав: уреа 32,5%, деминерализирана вода 67,5%. AUS 32 AL е еколошки производ, лесен и безбеден за ракување, не е експлозивен и не е запалив.

AUS 32 AL се користи за:

  • Намалување на штетните емисии од дизел моторите со примена на селективна каталитичка редукција (SCR технологија)

  • Редукција на NOx гасовите со SCR технологија заради запазување на нормите на EURO IV, V, VI.

Долговечноста и ефективноста на SCR-системот на самото возило зависи од квалитетот и чистотата на употребениот воден раствор на уреа.

5 l, 10 l, 20 l, 50 l, 1000 l

AUS 32 AL