За автомобилска индустрија
AUS 32 AL 5 l, 10 l, 20 l, 50 l, 1000 l
Воден раствор на уреа за возила со дизел мотори, со SCR технологија
AUS 32 AL е високо квалитетен воден раствор на уреа произведен во согласност со барањата за квалитет на ISO 22241.
Состав: уреа 32,5%, деминерализирана вода 67,5%.
AUS 32 AL е еколошки производ, лесен и безбеден за ракување, не е експлозивен и не е запалив. AUS 32 AL се користи за:
- Намалување на штетните емисии од дизел моторите со примена на селективна каталитичка редукција (SCR технологија);
- Редукција на NOx гасовите со SCR технологија заради запазување на нормите на EURO IV, V, VI.
Долговечноста и ефективноста на SCR-системот на самото возило зависи од квалитетот и чистотата на употребениот воден раствор на уреа.
АЛПЕРИТ (за во зима) 1 l, 5 l
Ефикасно средство за чистење и за одмрзнување на автомобилските стакла во зимскиот период (до -25°). Производот е во употреба околу 15 години.
Состав: етанол, површински активна компонента, мирисна компонента, боја.
АЛПЕРИТ (летен) 1 l, 5 l
Ефикасно средство за чистење на автомобилските стакла во летниот период (до -5°). Одлично ги отстранува сите нечистотии и не дејствува на боја, гума и на пластика.
Состав: етанол, површински активна компонента, мирисна компонента, боја.
Напомена: Постојат можности за брз развој на производи за истата намена, но со различен состав и пакување.

