Becutan во Светот на Биби крем за сончање СПФ30

Becutan крем за сончање со СПФ 30, сега достапен и во нова амбалажа, специјално создадена за сите малечки вљубеници во Светот на Биби!


Овој производ обезбедува сигурна заштита од УВ зраците. Содржи УВА + УВБ минерални филтри кои на површината на кожата прават тенок заштитен слој кој физички ги рефлектира и одбива УВ зраците и не дозволуваат нивна апсорпција во кожата.


Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци, овој производ, истовремено ја негува детската кожа.


• Маслиново масло, ја хидрира кожата и дејствува против појава на црвенило;

• Екстракт од камилица, ја штити кожата од иритации, има антибактериско дејство и смирува евентуална појава на црвенило;

• Витамин Е, ја одржува нормалната влажност на детската кожа и ја прави мека и еластична. Делува и како антиоксиданс односно спречува делување на слободните радикали.

 

ДОСТАПНОСТ: 100 мл

Becutan во Светот на Биби крем за сончање СПФ30