Состав
Производот содржи комбинација на рибини масла богати со омега-3 масни киселини (DHA и EPA), витамини и минерали (витамин Б1, витамин Б2, витамин Б6, биотин, фолна киселина, нијацин, витамин Д, витамин К, цинк, јод).
Фармацевтска форма
Сируп.
Дејство
Намената на сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и со есенцијални витамини и минерали коишто го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.
- ДХА (докозахексаноична киселина) придонесува за одржување нормална мозочна функција.
- Цинкот и јодот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
- Јодот, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б3, витаминот Б6 и биотинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем.
- Витаминот Б2, витаминот Б3 и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
- ДХА, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.
Употреба
Производот е наменет за перорална употреба.
Препорачана дневна доза:
Деца од 1 до 3 години: 1 кафена лажичка (5 ml).
Деца над 4 години: 2 кафени лажички (10 ml).
Да се протресе пред употреба.
По отворањето сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 треба да се чува во фрижидер.
Да се употреби во рок од 60 дена по првото отворање.
Пакување
Картонската кутија содржи шише од 250 ml, упатство за употреба и лажичка за одмерување.
Регулаторен статус
Додаток во исхраната.
Мерки на претпазливост
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.
Да се чува надвор од дофат на мали деца!