БЛОКМАКС ГЕЛ

СОСТАВ

1 g БлокМакс гел содржи 50 mg ибупрофен

Фармацевтска форма

Гел

Дејство

Гелот БлокМакс како активна супстанца содржи ибупрофен, кој спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Ибупрофенот ја ублажува болката и ги намалува воспалението и отекувањето.

Индикации

Гелот БлокМакс се употребува како локална симптоматска терапија за ублажување на:

  • ревматски и мускулни болки,

  • болки во грбот,

  • болки и отекувања предизвикани од исчашувања, истегнувања и од спортски повреди,

  • невралгија,

  • болки при благи до умерени артритични состојби.

Пакување

Картонската кутија содржи 1 туба со 50 g гел и упатство за пациентот.

Регулаторен статус

ОТЦ (без рецепт).

50 gr

БЛОКМАКС ГЕЛ