alt
БРОНЛЕС Директ Перорален Раствор

СОСТАВ

carbocisteine 750 mg/10 ml

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

Перорален раствор

МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО

Бронлес ДИРЕКТ припаѓа на групата лекови наречени муколитици. Тој ја намалува лепливоста и густината на слузта, така што го олеснува нејзиното искашлување.

ИНДИКАЦИИ

Заболувања на респираторниот систем кои се придружени со обилна и вискозна слуз (бронхитис, туберкулоза на белите дробови комплицирана со бронхитис, цистична фиброза, задржување на бронхијалната слуз, бронхопулмонални компликации по операција). Воспаление на средно уво, воспаление на синуси. Во дијагностички цели, како средство за подготовка на болните за бронхоскопија, бронхографија и за бронхоаспирација.

ДОЗИРАЊЕ

Вообичаена доза е 750 mg трипати дневно (три кесички дневно).

ПАКУВАЊЕ:

15 еднодозни кесички со 10 ml раствор

РЕГУЛАТОРЕН СТАТУС

ОТЦ

10 ml раствор

15 еднодозни кесички

БРОНЛЕС Директ Перорален Раствор