Средства за дезинфекција (Медицински средства)

Оваа група производи опфаќа средства за дезинфекција на површини, медицинска опрема и медицински и стоматолошки инструменти. Производната палета вклучува различни формулации на активни компоненти, со што се обезбедува широкото подрачје на микробиолошко дејство.


Сите средства за дезинфекција поседуваат CE-сертификат за сообразност со Европската директива за медицински помагала 93/42/EEC (согласно со Анекс II) и ISO 13485 – Сертификат за системи за управување со квалитет за медицински средства, со што се потврдува нивниот исклучително висок квалитет. 

Средства за дезинфекција (Медицински средства)

Alkadez Spray MD

Состав

100 g Alkadez Spray MD содржи:


Активни состојки:

- 0.5 g хлорхексидин диглуконат (како 100%)

- 60.0 g пропан-2-ол


Својства и дејство

Alkadez Spray MD е готов раствор, кој не содржи аледхиди и феноли. Тој претставува избалансирана синергична комбинација на алкохол и хлорхексидин. Содржи инхибитори на корозија, не влијае на површините резистентни на алкохол и е компатибилен со различни материјали.


Alkadez Spray MD е наменет за брза дезинфекција на медицински и на стоматолошки инструменти, на површините на медицинската опрема и на медицински средства кои се резистентни на алкохол. Третираните предмети може да се користат веднаш по времето на дејствување на препаратот без да се плакнат со вода.


Alkadez Spray MD има бактерицидно (вклучително MRSA), микобактерицидно (вклучително Mycobacterium tuberculosis), фунгицидно и вируцидно дејство.


Пакување:

-       пластична вијала од 1000 ml со пумпа за прскање, 12 вијали во збирна кутија

Alkadez Rapid MD

Состав

100 g Alkadez Rapid MD содржи:

 

Активни состојки:

- 45.0 g пропан-1-ол

- 30.0 g пропан-2-ол

 

Својства и дејство

Alkadez Rapid MD е готов раствор, кој не содржи алдехиди, феноли и кватернерни амониумови соединенија. Тој претставува избалансирана синергична комбинација на алкохоли, со која се постигнува брза и безбедна дезинфекција.


Активните состојки се биоразградливи. Производот не ги оштетува површините кои се резистентни на алкохол и е компатибилен со различни материјали. Производот има низок алергиски потенцијал и не предизвикува иритација дури и ако често се користи. Препаратот е во форма на аеросол, што ја олеснува дезинфекцијата на малите и тешко достапни површини на медицинските средства.


Alkadez Rapid MD има бактерицидно (вклучително MRSA), микобактерицидно (вклучително Mycobacterium tuberculosis), вируцидно и фунгицидно дејство.


Пакување:

-       пластична вијала од 1000 ml со пумпа за прскање, 12 вијали во збирна кутија

 

Alkadez Quat AM MD

Состав

100 g Alkadez Quat AM MD содржи:

 

Активни состојки:

- 10.0 g бензалкониум хлорид

- 5.0 g дидецил диметил амониум хлорид

- 6.0 g N-(3-аминопропил)-N-додецилпропан-1,3-диамин


Својства и дејство

Alkadez Quat AM MD се базира на комбинација на алкиламин, кватернерни амониумови соединенија и површински активни материи. Не содржи алдехиди, феноли и хлор.


При релативно ниски концентрации препаратот покажува широк спектар на микробиолошко дејство, со бактерицидно (вклучително MRSA), микобактерицидно (вклучително Mycobacterium tuberculosis), фунгицидно и вируцидно дејство. Органските нечистотии не влијаат на биоцидното дејство на работните раствори.


Alkadez Quat AM MD е моќно средство за чистење. Спречува органските материи да се исушат на површините од инструментите. Протеините што се растворливи во вода лесно се отстрануваат од површината.


Наменет е за дезинфекција и за чистење, пред да се направи стерилизација, хируршки и други медицински и стоматолошки инструменти, медицинска опрема и медицински средства, вклучително и такви кои содржат термосензитивни материјали (ригидни и флексибилни ендоскопи).


Производот се користи и за крајна дезинфекција на инвазивни и на неинвазивни медицински инструменти и медицински средства, вклучително и инкубатори за новороденчиња и погоден е и за користење во ултразвучна бања.

 

Пакување:

-       пластична вијала од 1000 ml со пумпа за прскање, 12 вијали во збирна кутија

-       пластична туба од 5 l, 4 туби во збирна кутија

Alkadez Enzy

Состав

100 g Alkadez Enzy содржи:

 

Активни состојки:

- 5.0 g N-(3-Аминопропил)-N-додецилпропан -1,3-диамин

- 18.0 g ензимски комплекс- протеаза, алфа-амилаза и липаза


Својства и дејство

Формулацијата на Alkadez Enzy се базира на синергична комбинација на високоефикасен биоцид, површински активни материи и комплекс од три ензими (протеаза, амилаза и липаза).

Брзо и ефикасно отстранува крв, остатоци од ткива, протеини, слуз, измет и други контаминатори на медицинските инструменти, истовремено обезбедувајќи нивна ефикасна дезинфекција.


Alkadez Enzy е компатибилен со различни материјали: не’рѓосувачки челик, алуминиум, метали кои не содржат железо, поливинил хлорид, гума и пластика.


Лесно е растворлив, работните раствори се подготвуваат со вода од чешма. Тврдоста на водата не влијае на неговата ефикасност.


Alkadez Enzy е наменет за дезинфекција и за ензимско чистење инвазивни и неинвазивни медицински инструменти и медицински средства. Погоден е за користење во ултразвучна бања.

Alkadez Enzy има бактерицидно, фунгицидно и вируцидно дејство.


Пакување:

-       пластична вијала од 1000 ml со пумпа за прскање, 12 вијали во збирна кутија

-       пластична туба од 5 l, 4 туби во збирна кутија.