alt
Овошен чај јаболко со цимет

Претставува мешавина на исушени јаболка и на кора од цимет, дополнета со шипка, хибискус, круша и со липа. Плодот од јаболко содржи растителни влакна и пектински материи. Кората од цимет, додадена во комбинацијата, го нагласува природниот мирис на јаболкото, а воедно му обезбедува и посебен и единствен вкус.

Овошниот чај Good Nature од јаболко со цимет е особено пријатна и ароматична напивка. Некаде во длабочината на вкусот ќе почувствувате и киселкава нота, која доаѓа од шипката и од хибискусот и која ја обезбедува свежината на напивката.  

2g овошна чајна мешавина

20 филтер-кесички

Овошен чај јаболко со цимет