Како резултат на температурните разлики и недоволна циркулација на воздух, во услови на зголемена влага во домаќинствата, често доаѓа до појава на мувла. Идеални места за развој на мувлата се влажни површини, како што се влажните делови на плочките и подовите во бањата, аглите на собите, позади завесите, плакарите и др. Мувлата се манифестира во вид на точки со црна, сива или кафеава боја, кои можат да бидат штетни по Вашето здравје. За полесно справување со мувлите и останатите микроорганизми Ви ја препорачуваме употребата на Gloss средството за отстранување мувла.
Gloss средството за отстранување мувла лесно ги отстранува мувлите, квасните габички и бактериите од површините. Формулацијата на ова средство содржи комбинација на активни компоненти кои истовремено ги чистат и дезинфицираат површините. Наменето е за отстранување мувли од цврсти површини кои не доаѓаат во допир со храната, како мијалници, тушеви, плочки, пластика, подови и ѕидови. Средството се употребува со лесно распрснување врз површината зафатена со мувла. Истото се остава да делува петнаесетина минути а потоа се плакне со вода користејќи сунѓер.
450 ml