Грамил микс
ЧАЈ ЗА СМИРУВАЊЕ ТЕГОБИ ОД ХЕМОРОИДИ
Состав: ајдучка трева, кора од крушина, ризом од пиреј, цвет од камилица, плод од боровинка, лист од капина, коњски опаш, ленено семе, корен од глуварче и плод од сладок анасон.
Една супена лажица од чајната мешавина се прелива со 250 ml вода и се вари 3-5 минути. Се остава да отстои 30 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Се пие свежо приготвен, двапати на ден, незасладен, по јадење.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
100 gr
Грамил микс