Becutan Sensitive – Ointment with fish oil


Маста Becutan со рибино масло содржи висок процент на рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и за одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчињата. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа. Хипоалергената формулација штити од појава на сува, црвена и надразнета кожа.


Ја храни сувата кожа правејќи ја мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо триење два- до четирипати на ден.


Се препорачува за:

- нега и заштита на бебешката кожа;

- заштита на кожата од поjава на осип и на иритациjа во пределот на пеленската региjа;

- нега на кожа склона кон сушење, пукање и кон лупење;

- превенциjа од поjава на црвенило по кожата предизвикано од триење и од потење;

- нега на кожата по сончање.


Сите производи од колекцијата Becutan Sensitive се клинички и дерматолошки докажани во EU-лабораторија, во Италија, тестирани под надзор на дерматолози, следејќи ги принципите за добра клиничка пракса.

Becutan Sensitive – Ointment with fish oil