
Состав
0,4 % вкрстен полимер на хијалуронска киселина (Cross Linked Hyaluronic Acid)
Фармацевтска форма
Капки за очи, раствор
Дејство
Cross Linked Hyaluronic Acid е иновативна технологија на вкрстување на хијалуронската киселина со уреа, со што се засилуваат и се подобруваат механичките својства на природната хијалуронска киселина и се постигнува подолготраен и посилен ефект на:
• ХИДРАТАЦИЈА и задржување на водата во окото
• ЛУБРИКАЦИЈА на окото
• РЕГЕНЕРАЦИЈА на солзниот филм
• ОТПОРНОСТ на разградба со хијалуронидаза.
Натриум хијалуронатот обезбедува соодветно подмачкување на очната површина и заштита од триење предизвикано од движењето на очите, воедно задржувајќи ја водата на површината на очниот епител. На тој начин ја зголемува стабилноста на солзниот филм, кој ја штити рожницата од надворешните влијанија.
Индикации
Капките за очи „Прокулин солзи адванс +“ се користат за враќање на стабилноста на солзниот филм при синдром на суво око, како и за смирување на окото во случаи на зацрвенување, непријатност или замор на очите или на очната слузница, како резултат на:
• атмосферски фактори, како на пример климатизирана средина, преголема изложеност на сончево зрачење, ветер, чад, загадување, контакт со морска или со базенска вода и сува сол;
• сувост на окото предизвикана од прекумерен замор како резултат на долготрајна работа пред компјутер или на учење;
• офталмолошки стрес по оперативен зафат на површината на окото или по естетска операција на очните капаци;
• носење меки и полутврди контактни леќи неколку часа на ден.
Пакување
Пластично шишенце со OSD-капаче (офталмолошки дозатор со микробиолошка заштита). Без конзерванси. Може да се употребува 3 месеци по првото отворање.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со вашиот лекар или со фармацевт.
![[object Object]](/_next/image?url=%2F_next%2Fstatic%2Fmedia%2Fmk-logo.ad91bde9.jpg&w=640&q=75)