Скокни до содржината
Alkaloid AD Skopje logo
Ултразвучна дијагностика›Ултразвучна Дијагностика

Ултразвучна дијагностика

АЛ  ГЕЛ гел за ултразвучна дијагностика 

 

АЛ ГЕЛ претставува сино обоен транспарентен до слабо опалесцентен гел, специјално формулиран за примена во ултразвучната дијагностика и терапија. Овој производ е медицинско средство без СЕ знак. 

  • Поседува идеална вискозност којашто овозможува лесно нанесување, без растекување и без пребрзо сушење. 

  • Не е масен, не остава дамки, растворлив е во вода, лесно се отстранува од кожата и од облеката.  

  • Овозможува одличен контакт меѓу кожата и сондата. 

  • Не содржи корозивни супстанции коишто можат да ја оштетат сондата и останатата апаратура.  

  • Не содржи сол, алкохол и формалдехид. Нема мирис. 

  • Стабилен е во однос на солите на кожата. 

  • Претставува хипоалергенска формулација којашто не ја дразни и не ја иритира кожата, со бактериостатски ефект.

1000 ml
<p>Ултразвучна дијагностика</p>