ЧАЈ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТЕГОБИТЕ ПРИ ВОСПАЛЕНИЕ НА УРИНАРНИТЕ ПАТИШТА
Уве микс - чај за олеснување на тегобите при воспаление на уринарните патишта Чајот е мешавина на лист од мечкино грозје, килавица, коњско опавче, на лист од бреза, корен од зајчев трн и на плод од шипка.
Листот од мечкино грозје ја поддржува нормалната функција на уринарниот систем. Поддржувајќи ја екскреторната функција на бубрезите, го нормализира уринарниот проток. Коњското опавче и листот од бреза помагаат во елиминацијата на водата преку бубрезите и преку уринарниот тракт. Плодот од шипка и коренот од зајчев трн придонесуваат за нормална функцијата на бубрезите и на мочниот меур.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата.
1,5 gr, 100 gr
20 филтер-кесички, 1 пакување