VITAMIN A+D3 ALKALOID

Состав

1 капсула содржи:

  • витамин А (во форма на ретинил палмитат) – 500 µg (1667 IU)
  • витамин D3(холекалциферол) – 10 μg (400 IU)


Дејство

  • Витаминот А придонесува за одржување здрава кожа и слузокожа, како и за одржување на видот и за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција/искористување на калциумот и на фосфорот, за одржување на коските и за нормална мускулна функција. Недостигот на витамин Д може да предизвика остеомалација (омекнување на коските) кај возрасни и остеопороза кај постари лица. Витаминот Д придонесува за нормална концентрација на калциум во крвта и за одржување здрави заби. Тој, исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата.
  • Витаминот Д стекнува хормонска активност кога холекалциферолот (витаминот D3) се претвора во 1,25-дихидрокси витамин D3 (калцитриол) во црниот дроб и во бубрезите. Витаминот D3 е единствен витамин во организмот којшто може да се произведе со помош на сончевата светлина (УВБ). Сепак, со денешниот начин на живот, престојување во затворени простории и со широката примена на производи со заштитни фактори, се појавува недостиг на 1,25-дихидрокси витамин D3 којшто е неопходен за изградба на коските и за регулација на имунолошкиот систем.


Употреба

Капсулите Витамин А + D3 Алкалоид® се употребуваат како додаток во исхраната кај деца и кај возрасни кои имаат зголемени потреби за овие витамини.


Регулаторен статус

Додаток во исхраната


Мерки на претпазливост

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Производот не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана.

Да се чува надвор од дофат на мали деца!

50 меки капсули

VITAMIN A+D3 ALKALOID