Скокни до содржината
Alkaloid AD Skopje logo

Зачинал

Готвењето е уметност, а сите кои уживаат во него, особено внимание обрнуваат на додатоците на јадењата кои ги користат при создавањето уметнички дела. За секој готвач, од незаменлива вредност е добриот додаток на јадењата.

Зачинал е креиран според побарувањата на најпребирливите готвачи, а со цел да ги исполни и им даде вредност на зготвените јадења. Составен е од сушени зеленчуци како морков, пашканат, кромид, целер, магдонос, билки кои изобилуваат со етерски масла и го збогатуваат мирисот на јадењата, и од готварска сол, јодирана според постојните законски регулативи во земјава. Сите состојки, присутни во Зачинал, се со висок квалитет кој е строго контролиран, па затоа производот е со стандарден квалитет.

Соодносот во кој се измешани сите компоненти во Зачинал е наша тајна, но со задоволство ве покануваме да ја поделите со нас и да се уверите во нејзината оригиналност.

Достапен е во пакувања: кеси:

  • 100G, 250G, 500G, 5KG, 25KG и

  • кутии: 420G, 450G, 900G

Нови, практични пакувања на единствениот ЗАЧИНАЛ®! Мала помош при готвењето со Зачинал® со новите, попрактични пакувања. Новите пакувања на Зачинал® не само што ќе ги задржат сите ароми на состојките во него, туку ќе овозможат и негово поедноставно користење.

Ви посакуваме убави моменти при готвењето и бескрајно уживање во јадењата зготвени со Зачинал!

100 г, 250 г, 420 г, 500 г, 25 кг, 1кг , 5кг
Зачинал