15 апр. 2016 г.
Програмата Билкарство на „Алкалоид“ со обновен ХАЛАЛ сертификат
Програмата Билкарство на „Алкалоид“ со обновен ХАЛАЛ сертификат
Програмата Билкарство на „Алкалоид“, во чии рамки спаѓаат чаевите Good Nature, Зачинал и Грини – сушените зеленчуци, добија уште една потврда за високото ниво на безбедност и квалитет кое успешно го одржуваат со години.
Обновениот ХАЛАЛ сертификат е уште една дополнителна гаранција за високите стандарди кога е во прашање сигурноста во прехранбената индустрија. ХАЛАЛ го потврдува квалитетот на производот во насока на тоа дека истиот е здрав и не содржи: штетни бои, ароми, адитиви, канцерогени елементи и емулгатори кои се забранети со исламските прописи.
Палетата производи Билкарство на „Алкалоид АД“ Скопје, првпат се здоби со ХАЛАЛ сертификатот во 2012-та година, чин што за компанијата претставуваше уште една потврда и доказ за беспрекорниот квалитет и безбедноста на производите, како и за грижата за унапредување на здравјето во заедницата.