16 дек. 2016 г.
Студентите ги избраа „Алкалоид“ и „Good Nature“ за свои омилени брендови
Студентите ги избраа „Алкалоид“ и „Good Nature“ за свои омилени брендови
„Алкалоид“ и „Good Nature“ го добија престижното признание STUBRAND 2016, во рамки на втората по ред пригодна церемонија во Македонија, на која се прогласуваат најпопуларните брендови преку еминентната меѓународна агенција за истражување и сертификација, STUBRAND. „Алкалоид“ доби признание за позитивен имиџ во категоријата фармација, додека брендот „Good Nature“ беше изгласан од страна на студентите во категоријата чаеви, во конкуренција на 405 останати брендови, класифицирани во 19 категории.
Во годинешното STUBRAND истражување учествуваа 1.024 студенти од сите универзитети во Македонија, чии ставови беа мерени преку уникатна методологија, која од студентите бара во најбрз можен рок да ја искажат првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд, со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know.
Покрај „Алкалоид“ и „Good Nature“, STUBRAND како прв официјален бренд посветен на промоција на најпопуларните брендови меѓу студентската популација, годинава сертифицираше уште 13 брендови. STUBRAND признанието се доделува на брендови кои имаат позитивен имиџ кај повеќе од 50% од испитаниците.