18 мај 2016 г.
Започна исплата на дивиденда 2016
Започна исплата на дивиденда 2016
Алкалоид АД Скопје на 18.05.2016 година започна со исплата на дивиденда на акционерите во компанијата за 2015 година. Согласно одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите на Алкалоид им се исплатува дивиденда за 2015 година во висина од 207,00 денари нето, односно 230,00 денари бруто, за една акција.
Дивидендата која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2015 година е за 9,5% поголема од дивидендата која им беше исплатена за 2014 година.