Alkaloid AD Skopje logo

ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА

АЛКАЛОИД АД Скопје, на 13.5.2026 година, започна со исплата на дивидендата за акционерите во компанијата за 2025 година. Во согласност со одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите во АЛКАЛОИД им се исплатува дивиденда за 2025 година во висина од 648,00 денари нето, односно 720,00 денари бруто за една акција.

 

Дивидендата, која акционерите на АЛКАЛОИД ја добиваат за 2025 година, е за 14,3% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2024 година на нето-основа.