17 мај 2023 г.
ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА
ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА
АЛКАЛОИД АД Скопје, на 17.5.2023 година, започна со исплата на дивидендата за акционерите во компанијата за 2022 година. Во согласност со одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите во АЛКАЛОИД им се исплатува дивиденда за 2022 година во висина од 441,00 денари нето, односно 490,00 денари бруто за една акција.
Дивидендата, која акционерите на АЛКАЛОИД ја добиваат за 2022 година, е за 11,36% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2021 година на нето-основа.