15 мај 2024 г.
ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА
ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ДИВИДЕНДАТА
АЛКАЛОИД АД Скопје, на 15.5.2024 година, започна со исплата на дивидендата за акционерите во компанијата за 2023 година. Во согласност со одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите во АЛКАЛОИД им се исплатува дивиденда за 2023 година во висина од 486,00 денари нето, односно 540,00 денари бруто за една акција.
Дивидендата, која акционерите на АЛКАЛОИД ја добиваат за 2023 година, е за 10,2% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2022 година на нето-основа.