Alkaloid AD Skopje logo

Зелена хроматографија 3: чекор напред кон одржливост во фармацевтските анализи

Со презентација на резултатите и на стекнатите искуства беше заокружен проектот „Зелена хроматографија: дел 3 – рационална трансформација на методите RP-HPLC – чекор напред кон одржливост во фармацевтските анализи“, продолжение на минатогодишните проекти од истата област.

 

Водени од мотото „Добрата иднина започнува со добро истражување“, во мај 2022 година „Алкалоид“ АД Скопје, во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и со Фармацевтскиот факултет при УКИМ, започна истражување фокусирано на т.н. позеленување на конвенционалните методи на течна хроматографија (HPLC). Концептот на зелена аналитичка хемија подразбира дизајн на експерименти и процеси за намалување или за елиминирање на штетните производи, реагенси, растворувачи и други супстанции, како и за намалување на потрошувачката на енергија преку примена на еколошки решенија и нови аналитички пристапи.

 

1_alkaloid_zelena_hromatografija.jpg

 

Активностите на проектот се реализираа во три фази, со учество на 23 студенти под менторство на тројца професори и еден асистент од Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), како и на четворица експерти од секторот Глобален развој – Истражување и развој фармација во „Алкалоид“, при што практичниот дел од проектот се одвиваше во тренинг-лабораторијата на Центарот за едукација и обуки на компанијата.

 

2_alkaloid_zelena_hromatografija.webp

 

Иницијативата се надоврзува на долгогодишната успешна соработка меѓу „Алкалоид“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на повеќе полиња, фокусирана на унапредување на знаењата и практичните вештини на студентите.

 

3_alkaloid_zelena_hromatografija.webp

 

Со воведувањето вакви иновативни решенија во развојот на аналитичките методи и со нивна примена во контролата на квалитетот на производите, „Алкалоид“ ги следи современите глобални трендови и придонесува за поодржлива иднина.

 

4_alkaloid_zelena_hromatografija.webp

 

5_alkaloid_zelena_hromatografija.webp

 

6_alkaloid_zelena_hromatografija.webp

 

 

    Зелена хроматографија 3 - Alkaloid