3 апр. 2023 г.

Годишно Собрание на акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје


На ден 03.04.2023 година се одржа Годишно собрание на акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје. 


На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.


Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2022 година во висина од 441,00 денари нето, односно 490,00 денари бруто за една акција што е за 11,36% повеќе од исплатената дивиденда за 2021 година на нето основа. Исплатата на дивидендата ќе започне од 17.05.2023 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.


Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.