Годишно Собрание на акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје
На ден 30.03.2026 година се одржа Годишно собрание на акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје.
На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.
Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2025 година во висина од 648,00 денари нето, односно 720,00 денари бруто за една акција што е за 14,3% повеќе од исплатената дивиденда за 2024 година на нето основа. Исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.

