Алкалоид КОНС историјат

Денес „Алкалоид КОНС“ е една од водечките веледрогерии во земјава, препознатлива и почитувана во областа на фармацијата и на медицината.


Наша доминантна дејност е трговијата на големо со лекови и со медицински средства, со посебен фокус на вакцини, Orphan-лекови, инсулини, на деривати на крвна плазма, дијализа, импланти и на медицинска опрема за хирургија.


„Алкалоид КОНС“ е застапник на многу меѓународни фармацевтски компании за кои ги врши следните активности: регистрација, промоција и маркетинг, тендерска продажба, увоз, складирање и дистрибуција.


Компанијата нуди и други услуги, како што се истражување и анализа на пазарот, планирање и спроведување стратегија за продажба и за цени.


Во 1979 година Алкалоид – Фармација формираше сектор задолжен за соработка со странски компании, којшто се однесуваше на склучување договори за застапништво, дистрибуција и за консигнациска продажба.

Долгогодишната успешна работа на овој сектор, како и стекнатото искуство во оваа област, претставуваше солидна основа за формирање на Алкалоид КОНС ДООЕЛ, увозно-извозна компанија за трговија и за услуги, којашто официјално започна со работа во 2004 година со само 5 вработени. Од година в година развојот на Алкалоид КОНС, единствената домашна ќерка-компанија на Алкалод АД Скопје, станува импресивен од аспект на волуменот на продажба, како и од аспект на деловното портфолио.

Во моментов Алкалоид КОНС ДООЕЛ има 42 вработени, соработува со повеќе од 20 странски компании и има застапништва за повеќе од 2.000 фармацевтски производи.



Алкалоид КОНС ДООЕЛ има склучено договори за соработка со следните компании:
  • MEDTRONIC META FZ-LLC, UAE
  • MSD B.V., Netherlands
  • ORGANON LLC, Netherlands
  • TAKEDA PHARMACEUTICAL INTERNATIONAL AG, Ireland
  • BIOMARIN INTERNATIONAL LIMITED, Ireland
  • ALCON PHARMACEUTICALS LTD, Switzerland
  • GETINGE GROUP South East Europe d.o.o., Serbia
  • SWIX Biopharma, Switzerland
  • NOVARTIS PHARMA SERVICES INC., Switzerland
  • PFIZER EXPORT B.V., Netherlands
  • FUJIFILM HEALTHCARE EUROPE HOLDING AG, Switzerland
  • MEDISON PHARMA TRADING AG, Switzerland
  • VEDRA INTERNATIONAL AD, Bulgaria
  • PRIZMA D.O.O., Serbia
  • LEMIS-HANDELS GmbH, Austria
  • BETAMED d.o.o., Croatia
  • ELEPHANT PHARMA d.o.o., Serbia
  • HEART MEDICAL, Netherlands