Alkaloid AD Skopje logo

Млади таленти

Illustration of a flask releasing icons of science, learning and ideas
ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

Програмата за млади таленти претставува збир од неколку проекти кои имаат цел да го поттикнат професионалниот развој на студентите и на учениците од различни образовни институции, истовремено создавајќи висококвалификуван кадар кој ќе ја движи индустријата кон идни успеси. За да им го овозможиме тоа, Програмата предвидува два стратешки проекти: дуално образование и летно практикантство. Со постојано подобрување и проширување на нашата програма за млади таленти вложуваме во едукацијата на младиот кадар, па на младите им овозможуваме да ја градат својата кариера во нашата компанија по завршувањето на своето образование. 

Young professional working at a desk in an Alkaloid office

ЗА ПРОГРАМАТА

Дуално образование

Дуалното образование е комбиниран систем на учење во училиште и учење преку работа во компанија, преку кој учениците се здобиваат со знаења и вештини потребни за одреден профил. Овој систем се базира на тесната соработка меѓу образовните институции и компаниите.Во 2021 година, во соработка со средното стручно училиште СМУГС ,,д-р Панче Караѓозов“ Скопје, беше формирана првата парцијално дуална паралелка со назив Фармацевтски техничар во фармацевтската индустрија.

Летно практикантство

Во насока на исполнување на заложбите за корпоративна општествена одговорност, кои се на врвот на приоритетите во оперативната агенда на компанијата, „Алкалоид“ АД Скопје од 2018 година ја воведе Програмата за практикантство. Практикантството во „Алкалоид“ АД Скопје е заеднички проект меѓу компанијата, соодветните образовни институции и студентите/учениците, кои ја претставуваат идната работна сила на државата.

Никола Ефтимов

Mенаџер за Човечки ресурси

Бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија